СЗО – Испарувањето на дизелот предизвикува рак на белите дробови


Најновото соопштение на Светската здравствена организација во кое се вели дека испарувањето на дизелот е причина за рак на белите дробови, како и дека може да го зголеми ризикот од рак на бешика, ја крена на нозе автомобилската индустрија.

Според СЗО испарувањето на дизелот е во ист сртоносна категорија како азбест, арсеник и гас иперит.

Меѓународната агенција за истражување на рак (ИАРЦ), го сврстила дизелот во канцерогена група 1 – изјавиле дека одлуката била едногласна и препорачуваат цел свет да ја намали изложеноста на дизел.

Експертите дебатирале цели 2 дена пред да ја донесат одлуката. Изјавил претседателот на ИАРЦ, Кристофер Портје

Дизел моторите се популарни во Европа и Индија и иако Германските производители се убедуваат да ја убедат Америка дека ќе им е поекономично да возат дизел, продажбата таму е многу мала во споредба со Европа.

Според ИАРЦ не се проблем само автомобилите туку и сите други дизел мотори – возови, бродови и генератори.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1