Тага до небото: Никола (18) починал од струен удар додека се туширал


Никола Ѓорѓевиќ (18) од Ниш во вторникот навечер починал од струен удар додека се туширал.

Само неколку недели откако станал полнолетен државјанин, Никола трагично загинал во својот дом.nikola-djordjevic-nis-2-99375

Тој бил редовен ученик во електротехничкото училиште „Никола Тесла“, а оваа година требало да биде матурант.

Неговата смрт ги шокираше сите во училиштето, луѓето немаат ништо друго освен пофалби за него.

– Ова е шок! Се уште не можам да поверувам дека се случи. Никола беше многу добар другар и пријател, секогаш подготвен да помогне. Трагедија е да заврши живот на млад човек кој бил полн со живот. За неколку месеци требаше да бидеме матуранти и да прославиме, – изјавил другар на Никола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1