Тајната сопруга на саудискиот крал – никој не смеел да знае за неа


Тајната сопруга на починатиот крал на Саудиска Арабија добила 40 милиони долари оштета откако судијата во Лондон одлучил дека има право на парите кои ѝ биле ветени поради заташкување на нивната врска во јавноста.

501426-burka
68-годишната Јанан Харб имала само 19 години кога наводно во тајна церемонија се омажила за тогаш идниот крал Фахд. Тој ѝ рекол дека не смее да се дознае дека се оженил за девојка од христијанско семејство, иако таа го прифатила исламот пред венчавката. Исто така, Харб тврди дека кралот ја натерал на три абортуси.

Две години после наводната тајна венчавка, Харб вели дека била протерана од земјата, бидејќи кралското семејство ја обвинило дека Фахд го „навлекла“ на метадон. На суд признала дека на тоа протерување гледала еднакво како на развод и подоцна се омажила за уште двајца мажи.01-saudi-araboja-zena-ed27121407d4c5370c01b918e1

Судијата Петр Смит одлучил дека првобитното ветување на Фахд – дека за својата тајна ќе се грижи за сопругата до крајот на животот – и понатаму е на сила, па соодветно на тоа ја донел и одлуката за пресудата.

Смит исто така го признал наведувањето на Харб дека синот на Фахд, принцот Абдул Азиз, дошол во Лондон две години пред смртта на татко му во 2003 година за да го обнови ветувањето на татко му и ѝ понудил 18 милиони долари за да не проговори јавно за нивната врска, пишува Daily Beast.

Принцот Азиз признава дека неговиот татко уплаќал големи суми на сметката од Харб во текот на годините, но негира дека наведениот пар било кога бил официјално во брак.02-saudi-arabi-zena-43-5
Харб пак, се разбира, е воодушевена од пресудата. „Во изминатите 12 години проживував вистинска мизерија. Фала му на Бог и на британското правосудство. Принцот сакаше да одам во Саудиска Арабија, каде што тој би можел да раководи со целиот процес, но сега ми олесни. Единствено би ми било подраго ако се придржуваше до татковата желба…тој е многу злобен“.

Многу е веројатно дека пресудата отишла во корист на тужителот поради тоа што на принцот Азиз не му било дозволено во јули да долета во Лондон и да ја раскаже својата страна од приказната. Наводно неговиот брат, кралот Салман, му го забранил патувањето за да го запре „медиумскиот циркус“.

Поради тоа, судијата му наредил на принцот да уплати 38.000 долари во добротворни цели, поради непочитување на судот, иако недоаѓањето го чинело повеќе штета во формата на пресудата.

Судијата додал дека смета дека сведочењето на Харб било уверливо, дури иако нејзиниот мотив е „непривлечен“.

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1