Таравари и Османи се замерија со УЕФА: На Суперкупот му недостасувал албански национализам


Секретарот на Алијансата за Албанците и министер за здравство во владата на Зоран Заев, Арбен Таравари, ја обвини УЕФА за „сериозни пропусти“ и инциденти при организација на Суперкупот. Според Таравари, УЕФА предизвикала сериозен инцидент со тоа што ги навредила Албанците при организацијата на отварањето на спектаклот бидејќи не биле претставени и Албанците или, како што вели, „најстариот народ во Европа – Илирите“.

Таравари додава и дека ова е сериозен инцидент, и дека организаторот треба да се извини, бидејќи смета дека дури и пред античките Македонци на овие простори биле присутни Илирите, кои биле првите архитекти на модерна Европа, и вредностите во кои денес уживале многу држави и народи од стариот континент.

–Минатата ноќ во нашата земја имаше шампионски натпревар, кој поради организаторите се претвори во губитнички натпревар! Не оставајќи ја настрана одговорноста до највисоките институции на меѓународниот фудбал, кои имаат континуирана кампања за борба против расизмот, локаните организатори го скриле, изгубиле, исклучиле еден од најважните етнички групи не само во оваа земја, но и во самата Европа, како што е албанската националност. Албанците, со еден од најстарите јазици на континентот, единствениот наследник на познатите Илири, се првите намесници на првата дамнешна (или античка) европска цивилизација. А особено Македонците кои се чини дека ја сакаат антиката ќе ви направеше чест оваа работа! – вели Таравари.

Неговиот националистички став го дели и Бујар Османи. Вицепремиерот побара одговорност за ФФМ, иако би требало да знае дека организацијата е на УЕФА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1