Татко сред ноќ го разбудил плач на неговата ќерка, се скаменил кога ја видел во раце на непознат човек


Замислете ситуација во сред ноќ да ве разбуди плач на вашата 2-годишна ќерка, а потоа да ја видите во дневната соба во раце на непознат човек.beba-u-rukama-620x350-94202

Тоа се случило на еден човек во Аризона, кој сакал да остане анонимен, а кој во четвртокот околу 02:30 по полноќ ја слушнал својата 2-годишна ќерка како плаче и се разбудил. Плачот го водел до дневната соба каде своето дете го затекнал во раце на непознат човек, подоцна идентификуван ако Орен Ахарон Коен.

Коен (34) подоцна во полицијата изјавил дека бил толку многу пијан што се сеќава само дека се играл со џуџе и дека не го злоставувал, пишува Вашингтон пост.

Кога преплашениот татко го затекнал во својот дом, Коен му возвратил “Не се плаши, јас сум твој пријател”. Родителот на детето веднаш повикал полиција.

Коен е уапсен под тужба за провала од втор степен, насилнички напад и обид за киднапирање. Полицијата била принудена да користи муниција за зашеметување бидејќи пијаниот човек се противел на апсењето.

Родителите изјавиле дека никогаш претходно него виделе човекот кој го затекнале во својот дом.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1