Таткото на Џоли: Таа е чудна и нестабилна исто како и нејзината мајка


Додека тим од адвокати се обидува што помирно да ја реши правната ситуација на Бред Пит и Анџелина Џоли, таа доби уште една причина повеќе да го мрази Бред, бидејќи била многу бесна откако разбрала за средбата на Бред со нејзиниот татко, актерот Џон Војт. Бред Пит побарал совети околу разводот и од татакото на Анџелина, што неа воопшто не и се допаднало. Војт и Пит се блиски уште од 2005 година, кога Енџи и Бред ја почнаа љубовната врска.angelina-jolie-brad-pitt-und-jon-voight

„Бред на нејзиниот татко му рекол дека она што го сака кај Енџи е нејзината страст, но Џон му одговорил дека неговата ќерка е потполно нестабилна и чудна, исто како и нејзината покојна мајка, тврди извор близок на семејството.
Мајката на Анџелина, Маршелин Бертран почина во 2007 година од рак на дојка.

Енџи е ужасно лута на својот татко. И пречи тоа што тој се слуша со Бред. И таа се слуша со него, но не толку често како Бред и не му зборува речиси ништо за разводот, бидејќи не му верува, додава истиот извор. Помина еден месец откако Анџелина поднесе барање за развод по две години брак и 12 години заеднички живот со Бред.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1