Таткото на Тијана ќе отвори два сајта


Nestali.rs и pedofili.rs се двата интернет сајтови, кои планира да ги отвори таткото на Тијана Јуриќ, 15-годишното девојче, кое беше злоупотребувано и ѕверски убиено во Србија. Овие интернет страници ќе имаат за цел спречување на сличните случаеви како исчезнувањето и убиството на младата Тијана.tijana-juric-igor-juric-bajmok-01

-Додека траеше потрагата за нашата Тијана, дознавме дека на Бајмок има три регистрирани педофили и сметам дека таквите информации мора да бидат јавни. Мојот план е на местото на злочинот да направам спомен-парк во знак на сеќавање за Тијана а за тоа веќе разговарав со градоначалникот на Сомбор, објаснил Игор Јуриќ за српски Дневник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1