Тажниот живот на жената која е алергична на сè, па дури и на својот сопруг!


Џоана Воткинс (29) веќе една година живее затворена во својата соба, без зрак сонце и, што и најтешко ѝ паѓа, без друштво. Таа е алергична на сè, дури и на својот сопруг Скот.

Пред една година ѝ бил дијагностициран редок синдром на активирање на мастоцитите (МЦАС) – на белите крвни садови коишто го контролират нашиот имунитет. Таа состојбба е толку ретка така што првиот случај е утврден дури пред девет години и сè уште не се знае многу за него.dzoana-sa-muze-_1000x0

Откако ѝ бил откриен синдромот, Џоана не излегува од својата соба којашто Скот ја претворил во „сигурна зона“ за неа. Ги затемнил прозорците бидејќи ѝ пречи светлината, па сè прекрил со пластика, бидејќи не поднесува ни прашина ни хемикалии. Во последно време ѝ пречи и мирисот на храната па оброците ги проготвуваат кај соседите. Поради чувствителноста на мирисите не може ниту сопругот да го прегрне, пишува Индепендент.

Единствени моменти кога ја напушта собата е кога оди кај лекарот. Скот тогаш Џоана ја носи во раце до автомобилот.

– Штом ќе се отвори влезната врата го чувствувам тоа. Телото почнува да се напаѓа само од себе. Како да е во војна самото со себе. Грлото автоматски ми се стегнува. Како да ме гуши Дарт Вејдер – раскажала Џоана.

Таа рекла дека тие излегувања само болно ја потсетуваат на она што го пропушта надвор – есента ја обожава, прекрасните дрвја, лисјата кои ја менуваат бојата, реалниот свет.
– Најмногу сепак ми недостасува друштвото. Да се чувствувам како да сум дел од нешто – рекла Џоана која не ја губи надежта дека лекарите ќе најдат решение и ќе и ги олесната страдањата.

Поради својата состојба ограничена и е храната којашто може да ја јаде. Скот секој ден неколку часа приготвува оброци само за
Џоана која може да јаде само мелено јагнешно, говедско, краставици, а да пие само вода. Времето во својот „стерилен затвор“ го поминува на интернет и во молитва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1