Течат роковите за формирање на новата влада


Седум дена до формирање на новата Влада. Мандатарот Никола Груевски има рок до недела да обезбеди мнозинство во Собранието. Официјално, тој досега имаше само една средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети по која следеше само штуро соопштение без детали за што се разговарало. И денеска од ВМРО ДПМНЕ без многу коментари. Премерот Емил Димитриев вели логично е новата Влада да ја составуваат победничките партии од македонскиот и албанскиот блок. Вели дека партијата го овластила Никола Груевски да ги води разговорите за составување на Влада. Димитриев не сака да преудицира ништо околку исходот на преговорите но вели рокот ќе биде запазен и мора да има одреден епилог.vlada nokj mk

– Како и сите граѓани, очекувам да ја надминеме кризата. На никого не му е во прилог тензична состојба во која институциите се во грч, а граѓаните во неизвесност. Очекувам сето тоа да се релаксира со формирањето на новата влада бидејќи постојат многу потреби коишто треба да бидат реализирани за граѓаните, а кои се дел од програмата со која победивме, истакна претседателот на Владата Емил Димитриев.

Во следните денови се очекува нова средба Груевски-Ахмети, вели Антонио Милошоски член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. ВЕли партијата не ги омекнала ставовите во одноа на СЈО каде се залагаат да нема интервенции и поместување на рокот како и да нема менување на УСтавот и законите за цена на двојазичност.
Она то е позитивно за двете партии ВМРО И ДУИ е што имаме заеднички именител а тоа е дека сме на ставот дека коалицијата треба да ја формираат победничките партиии и да се почитува мнозинската воља на гласачите. Преговорите не се едноставни и ке продолжат на највиско ниво во наредните денови, вели Антонио Милошоски член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

И од ДУИ потврдуваат дека денеска нема да има средба Груевски Ахмети, тука таа се очекува наредните денови. Не откриваат детали дали можеби ќе отстапат околу барањата за СЈО и двојазичноста.

За денеска не е најавена средба на Претседателството. Претседателот Ахмети продолжува со внатрепартиските интензивни консултации, но и со интересни групи како и со претставници на евроатланската заедница во земјава и надвор, информира шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби.

Рокот до кога треба мандатарот Никола Груевски да договори парламентарно мнозинство е до 29 јануари, а неделата која следи се очекува интензивирање на преговорите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1