Телата на 23 удавени жени пронајдени на југот на Италија


Телата на 23 удавени жени се најдени денес на југот на Италија. Најверојатно станува збор за Нигеријанки што се обидувале од Либија да дојдат во Европа преку Медитеранот, а нивниот малечок брод потонал, јавува белгиската агенција Белга

Италијанските власти ќе отворат истрага. Ова е прв пат во еден бродолом во Медитеранот да загинат само жени па властите се сомневаат дека можеби станува збор за трговија со жени за проституција.

Жените се најчестите жртви на овие бродоломи на бегалците. Тие полошо пливаат а често се обидуваат да ги спасат децата па вие тие обиди и самите се жртви.

-Ова е трагедија. Обвинителството веднаш ќе отвори истрага. Ќе видиме дали ќе најдеме сомнителни лица, а во спротивно ќе отвориме истрага против непознато лице, изјави Салваторе Малфи од полицијата во Салеро, градот во кој беа најдени телата.

Истрагата ќе провери дали биле жртви на насилство.

-На бродот имало и мажи. Сепак, патиштата на проституцијата се поинакви. Да се наполни бродот со жени за трговците со луѓе е ризик бидејќи, како што велат тие, би можеле да ја загубат целата „роба“ одеднаш, додаде Малфи.

Шпанскиот брод што ги донел телата донел и 375 мигранти помеѓу кои 116 жени од кои 9 бремени.

Според италијанското Министерство за внатрешни, над 111,700 лица стасаа во Италија преку Медитеранот во првите десет месеци од оваа година. Тоа претставува 30 отсто помалку отколку лани а 2.839 лица загинале во обидот да стасаат до Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1