„Телма“ прогласи 12 искусни новинари за технолошки вишок


Дванаесет вработени во телевизија „Телма“, со одлука на раководството, во четврток наутро прогласени се за технолошки вишок, а меѓу нив се и Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска Пешевска, Томислав Османли и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.telma

Новинарите прогласени за технолошки вишок не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци.

Во текот на денот, Синдикатот на вработените на „Телма“ очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста.

Се очекува и Синдикатот да побара на овие луѓе да им биде понудено друго работно место во телевизијата за да може да се искористи нивниот капацитет.

Од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници велат дека не биле консултирани за одлуката и најавуваат дека во текот на денот очекуваат средба со раководството на телевизијата.

Во телевизија „Телма“ пред две години дојде до промена на раководството, односно, како што потврди и Централниот регистар на официјалната интернет страница, место дотогашниот управител Ристо Лазаров, на директорската функција дојде новинарот Атанас Кировски.

Некогашниот уредник на весникот „Форум“ и долгогодишниот известувач за „Би-би-си“ од 1 јули 2014 година го презеде раководството со телевизијата, како директор и главен уредник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1