Teлото го пронашле дури денеска: Гостиварец загина во тешка сообраќајка


Педесетгодишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа, откако вчера десетина минути по полноќ со своето возило излетал од локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Куново и Беловиште и паднал во бездна.rotacija-policija-nokj

Како што соопшти полицијата, гостиварецот од излетувањето добил тешки телесни повреди, на кои подоцна им подлегнал. Телото на починатиот го пронашле случајни минувачи вчера, околу 13 часот.

Јавен обвинител и екипа од полициската станица од Гостивар извршиле комплетен увид и се утврдува причината за несреќата и околностите во кои се случила. Првично, причина е неприлагодена брзина според условите на патот. По наредба на јавен обвинител, врз безживотното тело е извршена обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1