ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: Какво ќе биде времето во следните денови?


Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне во источните и југоисточните предели ќе има зголемување на облачноста, но без врнежи од дожд.

Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 9 до 20 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.mk skopje vodno sonce22

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна температура до 30 степени.

Сончево и топло ќе биде и во другите градови во текот на наредните денови, со константен пораст на температурите. Во сабота и недела ќе биде сончево и топло. Утринските температури од 9 до 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 односно до 35 степени.

Во понеделник и вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималната температура од 10 до 21 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 25 односно до 37 степени. Ув индекс 8.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1