Температури до -15 степени до Нова Година – Метеоролозите предупредуваат ,,Подгответе се за поларни температури,,


Температури длабоко под нула наутро најавуваат метеоролозите до крајот на оваа недела. Најстудено се очекува да биде во четврток кога во градовите температурите ќе одат и до минус 15, а дневните нема да надминат 1 степен.

Во Скопје се очекува слично време со температури од околу минус 10 наутро и 0 степени максимално во текот на денот.

Услови за врнежи од дожд и снег ќе се јават во сабота, но тие ќе бидат локализирани.

Слично време ќе имаме до крајот на годината. Не` очекува релативно сончево време, но и ниски температури и тоа помеѓу минус 10 наутро и 7 степени максимално во текот на денот.

Долгорочните прогнози велат дека новогодишната ноќ ќе биде сува, но и релативно студена. Тогаш се очекуваат минимални температури околу минус 7 и максимални од 6 степени.

Метеоролозите Славчо Поповски и Костадин Павлов најавуваат поларни температури.

-Почитувани граѓани територијата на Македонија веќе целосно потпадна под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од северните географски широчини. Во текот на денов услови за провејување на снег ќе има во северната половина од државава додека навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда) ќе има намалување на облачноста.

Токму поради намалување на облачноста утре (среда) наутро ќе биде МНОГУ студено со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштат во интервалот од -12 до -3 степени додека на планинските места во државава истите ќе се спуштат дури до околу -20 степени а студено време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден (среда) па така температурите на воздухот на некои места ќе се задржат во негатива.

НАПОМЕНА: Доколку излегувате со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесете топла облека односно капа, шал и нараквици.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1