Температурите во минус – оваа недела малку сонце, малку облаци, малку снег


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во понеделник во утринските часови ќе има појава на слаба магла.

Во вечерните часови, во источните делови ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, на планините слаб снег. Дневната температура ќе се движи од 7 до 12 степени. Во Скопје слично време со температура до 11 степени.

partly_cloud_cloudy_day_weather_sunny_windy_partly_sunny_weather_clear_rainy

Еве какви се изгледите во последната работна недела месецов според прогнозата на Метеопро.

По сончевиот понеделник, се очекува претежно сончево време со локална слаба облачност во вторник. Можна е појава на сосема тенок слој на магла по одделни котлини во северозападниот крај наутро, но истата ќе биде краткотрајна.

Утрото ќе биде релативно студено, а на повеќе места ќе има слана. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С низ котлините, освен јужно од Демиркаписката клисура, каде минималната ќе има вредност околу 2°С. Повисоките места очекуваат минимална температура околу -5°С.

Дневниот температурен максимум во поголем дел од населените места ќе биде во дијапазонот од 7°С до 10°С.

Среда ќе почне со слично време и слична минимална температура како и вторник.

Поголема промена на времето во однос на вторник нема да има ни во текот на денот.

Максималната температура во среда ќе има вредност помеѓу 8°С и 11°С. Само малку потопло, до 12°С ќе биде во Гевгелиско – Дојранскиот регион.

Мал пораст на утринската (минималната) температура се очекува во четврток. Истата ќе има вредност само малку над 0°С низ котлините. На повисоките населени места и понатаму таа ќе има негативна вредност, но само за 2°С до 3°С под нулата.

Денот ќе помине во претежно облачно време, со услови за сосема слаб, повремен дожд. На повисоките планини ќе провејува сосема слаб снег.

Дневната температура ќе достигне максимална вредност слична на онаа од среда.

Во петок продолжува облачното, а локално и магливо време. Повторно оваа облачност ќе донесе услови за повремен и сосема слаб дожд. На планините и понатаму повремено ќе провејува слаб снег.

Минималната температура ќе биде позитивна, додека максималната ќе има вредност околу 9°С во поголем дел од котлините.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1