Тензично во Ѓорче Петров: повредени, шок бомби и солзавец


Најмалку 50 повредени има во моментов во Ѓорче Петров, меѓу кои и повозрасни граѓани, а не можат да побараат помош од лекар зашто се затворени сите улици од полицијата која против граѓаните почна да употребува и шок бомби кои ечат на секои 10 секунди на главната улица која наликува на воена зона, јавува Плус Инфо

gjorce protest 1Според информаците пак на Прес 24 има неколку повредени а веќе на терен е и брзата помош. Јавуваат дека ситуацијата е тензична, но забележително е исклучително силно присуство на полицијата, која се чини ја контролира ситуацијата.

Од пред повеќе од два часа затворени се сите приоди кон населбата. На терен се специјалните единици на полицијата, а по улиците околу Ѓорче Петров постојано се движат полициски возила со вклучени ротаторски светла.

Неколку стотици главно млади луѓе се однесуваат агресивно поради што полицијата е принудена да користи шок бомби и солзавец за да ја врати ситуацијата под контрола. Осомничениот за убиството жител на скопско Грчец попладнево беше изведен пред надлежниот судија кој според последните информации му одредеил мерка притвор во траење осд 30 дена, јавува Прес24.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1