gradska-520x311Две момочиња кои биле примени во ургентниот центар во Скопје биле пуштени на домашно лекување по направените снимки на главата, каде се утврдило дека нема тешки повреди, пренесува Канал 5.

За среќа без тешка повреда поминало и 15 годишното девојче, кое било удрено со шипка по главата. Таа со нејзиниот татко побарала помош во градската болница „Наум Охридски“ и веднаш била пуштена дома. Од МВР потврдија дека биле полесно повредени шест деца. Од полицијата велат дека се уште е во тек истрагата за напаѓачите.

Вчера на автобуската станица во населбата  Ченто -10тина момчиња претежно малолетни влегле во автобусот и со метални и дрвени шипки ги нападнале патниците.

Канал 5