Терористот од аеродромот на Флорида е американски воен ветеран со дозвола да носи оружје


Напаѓачот кој вчера пукаше во меѓународниот аеродром во Форт Лодердејл на Флорида и уби пет а рани осум лица, е американски воен ветеран кој служел во Ирак и кој имал дозвола за носење оружје, јавуваат американските медиуми.florida

Тој е идентификуван како Естебан Сантијаго (26) и е уапсен по пукањето. Сантијаго е роден во Њу Џерси, а служел во националните гарди на Порторико и Аљаска. Во 2010 и 2011 година бил распореден во Ирак и добил повеќе воени признанија пред да биде префрлен во неактивните резервни сили, објави Пентагон, не наведувајќи други детали.Телевизијата Ем-ес-ен-би-си објави дека неговата тетка кажала дека Сантијаго се вратил од Ирак „како друга личност“.

ФБИ објави дека засега како мотив за нападот не го исклучува тероризмот.

Сантијаго почнал да пука во луѓето во одделот за преземање на багажот во аеродромот Форт Лодердејл. Тој уби пет, а рани осум луѓе, додека уште триесетина лица се префрлени во локалните болници поради полесни повреди како скршеници и гребаници добиени во хаосот и паника за време на нападот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1