Тешка сообраќајка во Кавадарци- неколку лица се борат за живот (ФОТО)


Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во центарот на Кавадарци. Мотор удрил во пешак кој поминувал по улица, а потоа удрил во паркирана „лада нива“, јавува локаниот портал Дума.motor1fin14114161501411416109_thumb_medium490_0

 

Од ударот тешки повреди заработиле возачот на моторот, совозачот и пешакот. Сите тројца со возила на итната помош се пренесени на скопските клиники.

 

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информира дека полицијата врши увид, а повеќе информации околу несреќата ќе бидат достапни утре.motorfin1411416109_thumb_medium490_0

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1