Тетовчанка погодена од заскитан куршум


Вчера околу 18,00 часот од Клинички Центар- Тетово било пријавено дека е донесено повредено лице со прострелна рана од заталкан куршум од огнено оружје во десно рамо.

Имено, околу 16,00 часот во дворот на Т. И (50) во с.Сараќино, додека П.З(60) од с.Сараќино, работела заедно со мајката на Т.И. во еден момент почувствувала болка во десното рамо, без претходно да слушне истрели од огнено оружје. На П.З и е укажана лекарска помош и проектилот од огнено оружје кој е изваден од страна на докторoт, е обезбеден за вештачење.

Увид извршила екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1