Тетовец се здобил со тешки повреди во сообраќајка на патот Тетово – Пирок


Тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово – Пирок. Несреќата се случила околу 15 часот, а во неа со тешки повреди се здобил 72 годишен гастербајтер од Тетово.

Во несреќата учествувале два автомобили мерцедес со тетовски таблички и еден автомобил мазда од Загреб кој бил управуван од 21 годишниот А.С. од Горно Седларце.
Повредениот веднаш е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Според податоците на тетовската полиција, најголем дел од сообраќајните несреќите во Тетовско и во Гостиварско се случуваат во месеците јуни, јули и август кога печалбарите доаѓаат во Македонија со нови и модерни автомобили, со кои возат со неприлагодена брзина.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1