Тетовски гробар вадел забни протези од мртовци и ги продавал


Педесет и двегодишен тетовец заработи кривична пријава за сквернавење на умрен, под сомнение дека откопувал гробови и од мртовци земал вештачки протези, кои потоа ги продавал. Од СВР Тетово соопштуваат дека се работи за Ј.К. кој бил вработен како гробарот на православните гробишта во Тетово.grobista

Според полицијата, пријавениот ги откопувал старите гробови во кои требало да се изврши нов погреб, и од остатоците на порано починатите ги вадел вештачките забни протези.

Тетовската полиција на почеток на месецов во Тетово, кај паркот пред Трговскиот центар, го запрела гробарот, при што кај него пронашла и одзела 12 вештачки протези и четири метални навлаки – односно вештачки заби од злато – кои тој ги одзел од починатите на православните гробишта во Тетово.

Тој признал дека протезите ги вадел од устите на умрените.

Според сознанијата на полицијата, предметите имал намера да ги продаваа. Тој и претходно собирал такви предмети и им ги продавал на лица од Р.Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1