ТИЕ СЕ СРПСКИ МИЛИОНЕРИ: Еве колку тежат најголемите српски ѕвезди!


Иако српските ѕвезди избегнуваат јавно да говорат колку навистина заработуваат на настапите и концертите на сајтот „Celebrity net worth“ се објавени податоци кои покажуваат колку пари заработиле пејачите во текот на кариерата.

Аца Лукас

Иако не постојат точно податоци колку финансиски тежи Аца Лукас, на сајтот стои информацијата дека пејачот во текот на 2017 година заработил милион долари.

Лепа Брена

Според податоците југословенската легенда тежи дури 16 милиони долари.

Шабан Шаулиќ

Шаулиќ има заработено 20 милиони долари, а во текот на успешната кариера кралот на фолк музиката има објавено 30 албуми.

Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ поседува дури 30 милиони долари богатство. Нејзината слава ги премина границите на Србија, па таа е голема ѕвезда и во Бугарија и Романија. Има своја телевизија, а нејзиниот сопруг е познат бизнисмен.

Светлана Цеца Ражнатовиќ

Најголемата српска ѕвезда тежи неверојатни 80 милиони долари. На сајтот се наведува дека популарноста на Цеца не престанува да расте од 1988 година од нејзиното само појавување на сцената, а таа досега има објавено 15 студиски албуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1