Тигарот на слобода – го бараат 200 полицајци


Двесте припадници на полицијата и пожарникарите трагаат и натаму по младиот тигар забележан завчера во Монтевран – во парискиот регион, јави МИА. Во текот на ноќта во потрагата по тигарот беше вклучен и хеликоптер опремен со термичка камера, но барем засега тигарот останува невидлив откако вчера се појавил на паркингот на еден супермаркет во Монтевран, а потоа и во близина на едно игралиште за тенис.

4D72E616DF6A9047AB7F517D137AEBC6

Вчера изутрината се забележани и идентификувани траги од тигар во близина на една бензиска станица на автопатот А4 во парискиот регион. Силите на редот се опремени со пушки со парализирачко полнење за да го неутрализираат тигарот, кој според фотографиите тежи меѓу 80 и сто килограми. Пред училиштата се преземени безбедносни мерки во случај на неочекувана средба со тигарот.

Засега нема информација од каде доаѓа побегнатиот тигар, можноста дека тој е од циркусот кој престојувал во оваа област до минатиот викенд е исклучена, бидејќи санитарната контрола не регистрирала присуство на тигар во циркусот. Се претпоставува дека станува збор за „домашно милениче“, кое му побегнало на сопственикот, кој не се осудува да го побара бидејќи држењето на овие видови животни како домашни миленици е забрането.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1