Тинејџер од Скопје се бори за живот откако во него удрила „мазда“


Осумнаесет годишниот скопјанец Б.Н. вчера околу 18 часот бил прегазен на улицата Франклин Рузвелт во Скопје.

МВР информира дека во него удрил 72-годишниот скопјанец со иницијали К.А., кој управувал со возило „мазда 6“.

Како што информираат од полицијата веднаш по незгодата, пешакот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде му е констатирано дека има фрактура на главата и се наоѓа во животна опасност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1