Титула ,,Национален уметник на Македонија,, за Милчо Манчевски


Претседателот Ѓорге Иванов денеска на сценаристот и режисер, Милчо Манчевски, ќе му ја додели титулата „Национален уметник на Република Македонија“.

На церемонијата за доделување ќе присуствува и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Признанието се доделува согласно Законот за Национален уметник на Република Македонија. Прв пат ваква титула е доделена минатата година на музичкиот уметник и пијанист Симон Трпчевски.

Манчевски е добитник на повеќе од 50 меѓународни награди за своите филмови, а имаше и номинација за Оскар.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1