„То вима“ го објавува „пакетот идеи“ на Нимиц за решение на спорот со името


Новото име целосно да се усвои и за внатрешна и за надворешна употреба, но по интеграцијата во ЕУ; не постои задолжителна промена на уставот; Нимиц ја повторува клаузулата на неексклузивност за термините „македонски“ и „Македонија“ за економска употреба; новото име да се користи непреведено или преведно по избор на секоја страна; ова се дел од точките од „пакетот идеи“ на медијаторот на ОН Метју Нимиц, што го објавува денеска весникот „То вима“

– Според „То Вима“, во пакетот што Нимиц на 17 јануари го доставил до двајцата преговарачи, не е спомената задолжителна промена на Уставот на ПЈРМ за да се смени денешното уставно име или други точки што според некои имаат иредентистичка содржина. Владата на ПЈРМ е надлежна да оценува кои ќе бидат „обврзувачките, веродостојни и неотповикливи национални процедури“ за спроведување на решението. Нимиц предлага двете земји одново да потврдат дека не негуваат територијални претензии или барања (овој предлог е врз база на взаемност), како и за взаемно почитување на културното наследство, пишува „То вима“.

Според „пакетот идеи“ на Нимиц, како што пренесува весникот, усвојувањето на новото и конечно име што ќе биде ерга омнес, е поврзано директно и само со интеграцијата во Европската унија. Што значи дека уставно име ќе продолжи да биде во сила до влезот во Унијата. Истото ова, минатата седмица го објави и грчкиот весник „Катимерини“.

– Во однос на поканата за интеграција на ПЈРМ во НАТО, Нимиц истакнува дека до датумот на кој Скопје официјално ќе стане член на Северно-атлантската алијанса би требало бидат преземени сите неопходни мерки за да се уредат билатералните односи со останатите земји членки врз основа на новото официјално име што по азбучен ред ќе биде заведено под буквата М, пишува „То вима“.

Весникот, повикувајќи се на документот од медијаторот, ги потврдува информациите објавени во медиумите за петте предлози доставени до преговарачите на 17 јануари: „Република Горна Македонија“, „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“, „Република Нова Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“, но споменува и дека Нимиц е отворен и за други предлози. „То вима“, објавува дека медијаторот во неговиот текст како пример за да ги претстави неговите идеи го користи името „Република Горна Македонија“, нешто што неодамна предизвика шпекулации во медиумите дека за ова име се согласиле и двете страни.

– Во врска со преводот на новото име како од двете инволвирани страни, така и од земјите членки на ОН или трети страни, тие ќе можат да го преведуваат според нивен избор или да го задржат непреведено – нешто што Атина го преферира и нешто што веќе го има кажано преку министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, објавува весникот, пренесува МИА.

Додека, пак, во однос на спроведувањето на решението и опсегот на употреба, во „Пакетот идеи“ на медијаторот, според „То вима“, треба да се разгледаат повеќе комбинации.

Според „То вима“, во однос на опсегот на употреба, Нимиц предлага процес во неколку дела. Најпрво, усвојувањето на соодветната резолуција за новото официјално име од Советот за безбедност дека тоа ќе се употребува „во сите официјални мултилатерални меѓународни рамки, вклучително и состаноци, конвенции, договори и официјални документи.“ Потоа, дека нашата земја, ќе треба да направи „најдобро што може за новото име да се користи во официјалниот систем на Обединетите нации и другите мултинационлни организации“. Во овој контекст, медијаторот, како што објавува „То вима“, додава и три забелешки:

-Прво, дека самиот термин Македонија во непреведена или преведена форма, Скопје нема да го користи како официјално име на државата во ниедна рамка. Второ, дека термините „поранешна југословенска Република Македонија “ и ПЈРМ ќе престанат да се употребуваат во контекст на Скопје. Трето – и како што се чини најважно – терминот Република Македонија (Republika Makedonija) ќе продолжи да се користи за внатрешна употреба сѐ до датумот на членство во ЕУ, пишува весникот.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1