Тој ја создал Исламската држава: Американците го убиле, но било предоцна


Веројатно името Абу Мусаб ал-Заркави не ви е познато и за тоа постои многу логично објаснување. Глобалниот тероризам, особено од 2001 година, по нападот на кулите-близначки во Њујорк, светот го поврзува исклучиво со Осама бин Ладен, додека луѓето околу него останаа во релативна анонимност.

Репутацијата на милитантен исламист Заркави започнал да ја гради во родниот Јордан, а по почетокот на американската инвазија на Ирак своето делување го преселил во таа земја. Бил многу гласен противник на присуството на западните сили на Блискиот Исток, а подоцна дури во редовите на Ал Каеда се истакнувал по неверојатната бруталност.144aba6c568fde2fce1a77afef2ebf5c_XL

И додека Западот се занимаваше со Ал Каеда и со Бин Ладен, Заркави во заднина ги градел темелите на организацијата која денеска ја знаеме како Исламска држава.

Од мали фракции до ИСИС

Во 1999. година, Заркави ја основал организацијата “Jama’at al-Taw’id wa-al-Jihad”, а кога во 2004. година му се заколнал на Бин Ладен на верност, истата била преименувана во “Tan’im Qa’idat al-Jihad fi Bilad al-Rafidayn”, а сите скратено ја нарекувале “Ирачка Ал Каеда”. Во јануари 2006. година, таа организација се споила со уште неколку помали, кои заедно го формирале “Муџахединското собрание”.

Во летото таа година, САД по три години лов успеале да го лоцираат и убијат Заракави, а во октомври 2006. година, “Собранието” се споило со уште неколку фракции и така настанала “Исламската држава Ирак”. Кога организацијата во 2013. година своето делување го проширила и во Сирија, го добила своето официјално име по кое е позната и денес: “Исламска држава на Ирак и Левант” (ИСИЛ), т.е. Исламска држава на Ирак и Сирија (ИСИС).

Во канџите на криминалот уште од мал

Заркави во 1966. година бил роден под името Ахмад Фадеел Ал Назал Ал Калајлех, во сиромашно јорданско семејство кое живеело во рударскиот град Зарка. Суровата околина од мали нозе го фрлила во канџите на криминалот и алкохолизмот.

Кон крајот на 1980-тите години им се приклучил на муџахедините во Авганистан, кои се бореле против советските трупи. Но, пристигнал на самиот крај на таа инвазија. Советите во 1989. година почнале да се повлекуваат, па Заркави не учествувал во борбите. Наместо тоа, станал репортер за едно исламско гласило.abu musab al zarkavi

Така го запознал и се спријателил со Бин Ладен.

Откако се вратил во Јордан, веднаш почнал да си ја предизвикува судбината. Уште во 1992 година завршил во затвор поради поседување оружје и експлозив. Излегол од затвор во 1999 година со помилување и со уште порадикални уверувања.

Во затвор станал уште порадикален и уште побрутален

Штом почувствувал слобода, почнал да планира терористички напади, а откако неговите планови биле разоткриени, збришал за Пакистан. Од Пакистан повторно заминал во Авганистан, каде што со помош на Бин Ладен собрал пари и отворил камп за обука на милитанти кои пристигнувале од Јордан. Тоа бил почетокот на неговата организација ‘Jamāʻat al-Tawḥīd wa-al-Jihād‘, која наредните години ќе се претвори во исламска држава и ќе сее страв по светот, дури и на запрепастување на некогаш братската Ал каеда.

Кога започнала инвазијата на САД на Ирак, Заркави бил на врвот на својата терористичка кариера. Ирак бил “разурнат” од терористички напади кои ги организирал токму тој, а не ги поштедил ни Мароко, Турција и Јордан. Како муслиман Сунит, Заркави оркестрирал бомбашки напади на шиитски џамии, цивилни цели, претставници на ОН, ирачки институции, египетската амбасада, руски дипломати и католички цркви, јорданската амбасада…

Во главно, сфативте – Заркави бил склон кон проблеми.Присуството на Заркави и неговата терористичка организација во Ирак, на Американците им послужиле како уште едно оправдување за инвазија на оваа земја. Во 2004. година, Заркави бил ставен на листата на најбарани светски криминалци, а во 2005. година станал најбараниот човек во Ирак и Јордан. САД за информација за него таа година понудиле дури 25 милиони долари, еднаков износ како тој за Бин Ладен.

Заркави е убиен во мај 2006 година, во текот на состанок во „сигурна куќа“, неколку километри од Бакабан. Куќата ја бомбардирале воздушните сили на САД со 230 килограми експлозив. Освен него убиени се уште петмина луѓе, а меѓу нив и неговата сопруга (една од четирите) и нивното дете.

Интересно е дека единствено тој го преживеал самото бомбардирање. Ирачките и американските сили го нашле жив, а умрел по еден час по нападот од повредите што му ги нанел ударот на градите.

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1