Токио: 9 човечки трупови пронајдени во стан, отсечените глави ги чувал во замрзнувач


Јапонската полиција уапси еден маж, откако во неговиот стан во Зама, близу Токио, пронајде делови од девет различни тела, јави Би-Би-Си.

Полицијата пронашла две човечки глави во ладилникот, кој се наоѓал пред станот на 27-годишниот осомничен Такахиро Шираиши, и тоа за време на истрагата за една исчезната жена.

Покрај тоа, полицијата пронајде и делови од тела на осум жени и еден маж, во различни стадиуми на распаѓање.

Шираиши призна пред полицијата дека убил девет лица и ги сокрил нивните тела.

– Ги убив и ги обработив нивните тела за да ги скријам доказите, прецизираше Шираиши.

Неговиот сосед изјави дека откако Шираиши се доселил во август годинава, почнал да чувствува чудни мириси.

Полицијата го истражуваше исчезнувањето на 23-годишна жена, која не била видена од 21 октомври. Истражителите откриле дека Шираиши бил во контакт со неа, откако таа на Интернет напишала дека сака да изврши самоубиство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1