Тома Фила: Лесно е да се внесе отров во Хашкиот суд


Познатиот српски адвокат Тома Фила, кој често застапуваше обвинети во Хашкиот трибунал, изјави дека е лесно да се внесе отров во Судот.

Според него, мерките за безбедност за адвокатите и други службеници во Судот се исти како на аеродромите. Се проверуваат метални предмети, чевли, и се одземаат мобилните телефони. Тој додаде дека апчиња и мали количества течности не се регистрираат.

Фила ги коментираше мерките за безбедност откако поранешниот командант на силите на босанските Хрвати, генерал Слободан Праљак денеска се изврши самоубиство испивајќи отров во судница на Хашкиот трибунал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1