Тони дошол на гробиштата за да ја убие и сопругата?


Сторителот на тројното убиство во Кавадарци, како што е веќе познато утринава бил уапсен на гробиштата во Кавадарци, а дел од медиумите пишуваат дека Тони С. (40) се појавил таму со намера да ја убие и својата сопруга Данче, пренесува Курир.

trojno500

 

Деталите од апсењето на Тони говорат дека тој бил приведен за време на погреб на гробиштата. Полицијата поради ризикот тој да сака да и се одмазди на сопругата, често патролирала на тоа подрачје.

При апсењето, полицијата испукала предупредувачки куршуми во воздух, по што Тони бил приведен.

Четириесет годишниот кавадарчанец во неделата со по еден куршум ги застрела родителите и сестрата на неговата поранешна сопруга, таткото Илија (61), мајката Билјана (56) и нивната 33 годишна ќерка Снежана.

Ова се жртвите на зетот од Кавадарци – 3 години пријавувале насилство (Фото)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1