Торнадо подигна куќа, ја сврте, па ја врати на место – луѓето биле внатре (Видео)


Шокантната снимка прикажува како торнадо во Небраска подигнува куќа и ја враќа на првобитното место. Семејството со чудо преживеало во подрумот.

tornado-nebraska-kuca-printscreen-yt-1404217691-526781Кори Севиџ мислел дека се е готово во моментот кога торнадото им беснеело над главата. Таткото на 4-годишната ќерка и синот кој штотуку проодел мислел дека неговите деца не преживеале. Кога бурата завршила, таткото Кори Севиџ го нашол својот син со бетонски блок во скутот, додека ќерка му била под рушевините.

„Мислев дека е мртва, но таа стана и почна да плаче. Ми олесна“, изјавил Севиџ.

Шокантните снимки покажуваат како торнадо во Небраска подигнува куќа, па ја враќа на првобитното место. Семејството го пронашле како лежат еден до друг, за среќа немале сериозни повреди. 

Силното торнадо на 16 јуни го уништил местото во кое живееле 350 луѓе и земало два животи. 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1