„Траекторија“ одложена за 18 декември, Груевски, Јанакиевски и Пешевски бараaт да се снимаат рочиштата


Судењето за предметот „Траекторија” на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, е одложено за 18 декември.

Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побараа визулено и тонско снимање на судењето. Судот го прифати барањето и го презакажа судењето. Сите обвинети денеска дојдоа во судот.

Според СЈО, обвинетите во „Траекторија“ во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1