Трагедија: Малиот Алмир почина откако намерно беше прегазен во Куманово


Четиригодишниот Алмир, кој пред недела дена во Куманово заедно со мајка му и татко му беше намерно удрен со автомбил, синоќа почина, информираат порталите на албански јазик.

Според медиумите на албански јазик, инцидентот се случил минатата сабота.KUMANOVO_

Тие пренесуваат дека семејството кое чекало ред пред амбуланта, одлучило да пушти друг човек пред нив, поради тоа што процениле дека станува збор за поитен случај. Таквата одлука предизвиката револт кај машко лице кое чекало во редот, по што започнала кавга. Тој ги чекал да излезат од болницата, и потоа тенденциозно ги удрил со возилото.

Малиот Алмир бил најтешко повреден , по што бил однесен во болница во Скопје.

Според соопштението на кумановското обвинителство, кумановецот заработил триесетдневен притвор.

-Триесетдневен притвор заработи кумановецот што во саботата прегази тричлено семејство, а со најтешки повреди се здоби детето. Тој ќе одговара за убиство во обид – информираше обвинителството.

-Притворениот додека чекал ред со неговата девојка во Здравствениот дом – Куманово почнал расправија со друго лице поради непочитување на редот за прием во амбулантата. Во текот на расправијата таткото му се заканил на осомничениот, а при излезот од болницата тој бил нападнат од три други лица кои започнале да удираат по ветробранското стакло на неговиот автомобил – информираше кумановското обвинителство.

-Избегнувајќи го нападот, осомничениот се упатил кон центарот на градот, при што со своето возило марка „мерцедес“ се обидел да го прегази оштетеното лице, неговата сопруга и малолетното дете. Сите тројца биле повредени, а со најтешки телесни повреди се здобило детето- стои во соопштението на кумановското обвинителство.

Оттаму на 27-ми јуни информира дека се издадени наредби за вештачења за карактерот и тежината на здобиените повреди на мајката, таткото и на детето, како и невропсихијатриско вештачење за пресметливоста на осомничениот во критичниот момент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1