Трагедија: Првата жртва од студот е мајка на три деца


Во Хрватска е регистрирана првата жртва од студот, а станува збор за женско лице кое е пронајдено утринава на патот меѓу Хлебин и Габајева Грека кај Копривница.raka-telo-smrznata-sneg

Обдукцијата не покажала дека жената починала од насилна смрт, па е исклучена и можноста дека настрадала во сообраќајка.

Се претпоставува дека жената починала од последиците на смрзнување, пренесува загребскиот „Јутарњи лист“.

Неофицијално, жената била мајка на три мали деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1