Трагедија во Кочани: Убиено 26-годишно момче во подрум


Утринава во подрумски простории на зградата во која што живеел во Кочани е пронајдено починато машко лице на возраст од 26 години. Веднаш по добивањето на информацијата, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид заедно со увидна екипа од МВР.police-lenta-500

Со оглед на тоа што на телото беа најдени видливи траги на насилство, обвинителството за вршењето на увидот повика форензичка екипа од Министерството за внатрешни работи од Скопје.

Во насока на утврдување на причините за смртта кај момчето, Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за вршење на обдукција на телото на починатиот, наредби за прибирање на траги од лице место и вршење на потребни вештачења.

Истрагата за настанот продолжува со цел негово расветлување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1