Трагедија во скопско: Загина 5-годишно дете


policiska-lenta

Петгодишно дете од селото Света Петка починало денес откако паднало од паркиран камион.

Според првичните информации од полицијата момчето паднало од камионот на местото викано „Кула“ во скопското село Пуста Брезница.

Во полицијата случајот бил пријавен во 12:45 часот од градската болница „Св. Наум Охридски“ од каде било соопштено дека малото момче е починато.

Полицискиот увид е во тек, по што ќе биде познато како дошло до трагедијата

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1