Трагите на терористите од Париз, водат кон Босна, ИСИС има план и за Балканот


Во рамки на истрагата за терористичкиот напад во Париз, француските разузнавачки служби откриле траги кои водат кон Босна и Херцеговина, и од тамошните власти побарале „проверка на лица и активности“.djihad balkan

Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ изјави дека „постои силна соработка меѓу француските служби за безбедност и полициските агенции во Босна и Херцеговина“.Сето ова го потврдил и експертот за безбедност Предраг Ќераниќ, кој предупредил и дека Исламска држава има план за Балканот, а особено за БиХ, Србија и Македонија. Според него, босанската исламистичка мрежа, како и француската, има команден центар во Сирија.

Експертите за тероризам истакнуваат дека напаѓачите на Шарли Ебдо користеа муниција од босански Коњиц.Експертите оценуваат дека безбедносните служби во БиХ не се во состојба да се борат со заканата од терористички напади. „Нашите агенции се диносауруси на безбедноста, кои се служат со застарени техники на собирање информации. Агентите не ги познаваат противтерористички методи“, тврди експертот за безбедност Џевад Галијашевиќ, пишува Баркод.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1