Трајановски: Кај мене нема многу политика, само многу работа и многу градење


Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски  на митингот во Бутел ги повика граѓаните масовно да излезат на овие локални избори и да гласаат според програмите и сработеното на градоначалниците, а не според обвинувањата и клеветите.

Тој кажа дека кај него нема многу политика, туку има многу работа и многу градење и токму затоа граѓаните му ја даваат поддршката.

Трајановски изјави дека како роден скопјанец, одлично го познава Скопје и дека работи посветено за да ги намали неговите недостатоци.

– Бутел е општина која има урбан и рурален дел, Бутел е симбол за мултиетнички соживот и разбирање, Бутел е општина на млади луѓе. Не се сомневам дека така ќе остане и така ќе се развива во иднина – изјави Трајановски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1