Трајановски: Ова е најголемата непогода во последните години, сите сме мобилизирани


„Мобилизирани се сите екипи на јавните претпријатија на градот Скопје, противпожарната единица, Водовод и канализација, комунална хигиена, водовод и патишта. Тука се од МВР, од војската од противпожарната единица. Ни помогнаа и приватните претпријатија кои испратија доста машини“, истакана градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски при неговата посета во селото Стајковци.tv nova stajkovci

Како што посочи Трајановски ова е најголемата непогода во последниве години, а Стајковци, Синѓилич и Инџиково се особено погодени.

„Ова е елементарна непогода која не се памети во последниве години и гледаме да поминеме со што помали последици. Не знаеме што се случува натаму. Пробиен е патот кон Стајковци, сега ќе видиме каква е состојбата таму. Вклучени се сите фактори што можат да помогнат во оваа сотојба. Погодено е цело Скопје, меѓутоа мислам најризично е овде во Синѓилич, Стајковци и Инџиково со оглед на тоа што водата што доаѓа од Скопска црна гора доаѓа од Стајковци и Инџиково“, истакна Трајановски.

Тој додаде дека е голем наливот на водата, има изрушени куќи, автомобили, а состојбата е лоша.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1