Трамп добива двојник: Како се прави восочната фигура на новоизбраниот претседател на САД


Восочната фигура на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе биде поставена во музејот за восочни фигури “Мадам Тисо” во Лондон, јавува “Reuters”.
Дури и пред изборите во САД, музејот направил глинени фигури од републиканецот Доналд Трамп и неговата ривалка Хилари Клинтон.donal-tramp-vosocna-figura-01Кога станало извесно дека нов претседател на САД ќе стане Трамп, во музејот “се фрлиле” на изработка не неговиот восочен двојник. Фигурата ќе биде завршена до 20. јануари, денот кога Трамп и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД.donal-tramp-vosocna-figura-02

На официјалната Фејсбук страница музејот објавил фотографии и видео од главата на идната восочна фигура на Доналд Трамп.

Лондонскиот музеј за восочни фигури “Мадам Тисо” има традиција од речиси 200 години и многу е популарен меѓу туристите низ целиот свет.

Во неговата колекција има фигури од историски личности како Шекспир и Чарли Чаплин, но и восочни фигури од истакната современи личности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1