Трамп ја доби довербата од електорите, застанува на чело на САД


Доналд Трамп ја помина и последната пречка, гласањето на Изборниот колеџ, кој денеска само ја запечати неговата победа со повеќе од 270 гласа.tramp-glas-640x360

Засега Трамп има 304 од 306-те очекувани гласови од Изборниот колеџ, бидејќи двајца нелојални електори го напуштија. Тој и официјално е новиот претседател на САД, кој на функцијата ќе стапи во јануари.

Во пресрет на гласањето во САД се случија серија протести. Луѓето што излегоа на улиците бараа Изборниот колеџ да го прекрши заветот, односно да гласа за друг кандидат. Иако ИЗборниот колеџ произлегува од Уставот на САД, неговите членови не се законски обврзани да гласаат во согласност со резултатите од изборната ноќ.

На изборите во САД што се одржаа пред повеќе од еден месец Доналд Трамп победи според бројот на изборни гласови – 232, додека неговата противкандидатка Хилари Клинтон имаше 169 изборни гласови. Клинтон освои повеќе поединечни гласови, и тоа вкупно 2,8 милиони повеќе од Трамп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1