Трамп ја одби претседателската плата од 400.000 долари


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја одби претседателската плата од 400.000 долари годишно, пренесе Н1.tramp-glas-640x360

На собирот на 17 септември во Њу Хемпшир,Трамп кажа дека, во случај да биде избран, ќе ја одбие претседателската плата.

-Првата работа која ќе ја направам кога ќе станам претседател? Ќе ја одбијам платата на претседател. Тоа за мене не е голема работа, рече тогаш Трамп.

Кога на Твитер му го упутија истото прашање Трам го потврди својот став за тоа.

„Што се однесува до платата нема да земам ниту еден единствен долар. Се откажувам од својата плата ако станам претседател“, напиша Трамп на Твитер.

Тој напомена дека ќе земе одредени ситници на кои претседателот има право според американскиот закон.

Претседателот на САД има право на вкупна плата од 400.000 долари годишно.

Освен тоа, има право и на покривање на дополнителните трошоци во износ од 50.000 долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1