„Трето полувреме“ со оценка иста како онаа на „Кум“!


И покрај бројните обиди за негова дискредитација и претставување како ефтина пропаганда, од страна на дел од источните соседи, македонскиот кандидат за престижната филмска награда „Оскар“ не престанува да жнее успеси.

Освен големата посетеност во македонските кино сали и премиерата во Њујорк, филмот на Дарко Митревски може да се пофали и со позитивните критики и одличните оценки на Интернет. На најпознатата веб страна за филмови IMDB, „Трето полувреме“ моментално е не само најдобро рангираниот македонски филм, туку е и еден од најдоброрангираните филмови на сите времиња!

Пред само неколку седмици оценката која што корисниците на веб страната му ја беа дале на овој македонски филм беше 9.6 од максимални 10, а сега таа е нешто пониска и изнесува 9.2. Со ова „Трето полувреме“ има оценка идентична како онаа на светски познатиот филм на Френсис Форд Копола „Кум“ (9.2) и повисока од онаа на исто така познатите филмски класики „Шиндлеровата листа“ (8.9), „Господарот на прстените: дружината на прстенот“ (8.8), „Војна на ѕвездите“ (8.7), „Казабланка“ (8.6)…

Колку за споредба филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, коj во 1995 година беше кандидат за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, на оваа веб страна е оценет со 7.8 од 10.

Александар Стеванов

MK News

Автор инфо

3 Responses to “„Трето полувреме“ со оценка иста како онаа на „Кум“!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.