Три момчиња во Ѓорче му ставиле нож под грло на таксист и го ограбиле


Три момчиња ноќеска нападнале и ограбиле таксист во скопската населба Ѓорче Петров, при што му зеле 9.840 денари и рачен часовник.

Ноќеска околу 02:20 часот на улицата Ангел Динев во Скопје, во такси возило „мерцедес“ управувано од скопјанецот В.М. влегле три машки лица на возраст од околу 20 до 25 години и му рекле на возачот да вози во правец на населбата Ѓорче Петров 2. Кога стигнале кај бензинската на „Макпетрол“ тие побарале од таксистот да сврти десно на улицата Панајот Гиновски, а потоа застанале пред локален маркет.

Од полицијата велат дека го прашале таксистот колку треба да платат, но во наредниот момент момчето што седело зад возачкото седиште извадило нож и му го ставило ножот под грлото со сериозна закана по неговиот живот. Притоа, му го побарале прометот, а вториот кој седел на задното седиште зад совозачкото го удрил возачот со тупаница во пределот на лицето, додека третиот кој бил на совозачкото седиште од десниот џеп му зел околу 9.840 денари, а од левата рака му го одзел рачниот часовник марка „касио едифис“.

По ова тријцата злегле од возилото и побегнале. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1