ТРИ СЦЕНАРИЈА: Како Путин ќе им одговори?


Денешното уривање на “сухојот су-24“ е првото губење кое е сериозно за руската војска од почетокот на воздушната кампања во Сирија.

Аналитичарот Роналд Олифант кој известува од Москва напоменува дека е суров момент за пилотите, нивните семејства и бојниците на теренот.673784_putin-sirija02-foto-reuters-ap_f

Меѓутоа, уривањето на авионот е сериозен удар на рускиот Генералштаб кој знае дека кога сте во војна работите можат да тргнат наопаку.

Со оглед на тоа дека Русите знаат дека може да дојде до ваква состојба, сигурно имаат планови за непредвидените состојби.

Гледајќи по извештаите на руските медиуми, јасно е дека тие се спремни за реакција на вакви околности.

Иако рускиот претседател најави остар одговор за уривањето на рускиот бомбардер, сеуште не се знае на што тоа се однесува.

Како што кажува Олифант, воената одмазда за брзо сигурно не доаѓа во предвид.

– Турција е член на НАТО и уривање на нивен авион може да предизвика почеток на Трета светска војна – рече Олифант.

Наместо тоа, можно е Русите да удираат на групите кои се подржани од страна на Турците – вклучувајќи ги туркменистанските групи за кои Анкара ја предупреди Русија.

Може да се очекува и дипломатски одговор.

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров наводно ја откажал закажаната посета на официјална Анкара, а друг руски пратеник дури ги повика на евакуација руските државјани на Турција.

Трето потенцијално сценарио е економскиот одговор. Русија би можела да го укине снабдувањето со природен гас кој Турците го користат преку зима.

Сепак, колку далеку ова ќе отиде само Владимир Путин може да одлучи, а кој сеуште не е спремен да ги отвори картите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1