Трикови за iPhone и iPad кои секој корисник треба да ги знае


Тој е со вас додека спиете, се одмора додека и вие одмарате и работи кога и вие работите. Дури може да ви одговори и кога нешто ќе го прашате. Сепак колку добро го познавате својот iPhone?

1. Директен пристап на апликациите
На екранот на мобилните телефони, доколку немате ставено лозинка, сите навестувања од фејсбук можете да ги прочитате, без претходно да го отклучувате истиот. Потребно е само да притиснете на известувањата и со прстот да повлечете од лево кон десно. Доколку имате лозинка најпрвин ќе ја напишете, а потоа со прстот од лево на десно ќе го отклучите.

2. Поместување нагоре
Паузирајте со прстот со лизгање. Допрете го статус барот на iPhone, односно на местото на горната ивица на екранот на iPhone или пак iPad, на местото каде што се појавуваат времето и индикаторот на издржливоста на батеријата и тоа ќе ве оденесе директно кај нив. Ова функционира на веб страниците и на мејловите, листата на контакти и многу други апликации.

3. Кратенките на тастатурата
Типкањето на стаклената тастатура има свои мани, но, неколку кратенки може и да ни ја олеснат работата. Допрете и задржете го прстот на копчето „Compose new message“ во мејлиот, со што автоматски ќе ви го прикаже сочуваниот нацрт на мејл пораката. Така наместо менувањето на тастатурата од бројки на тастатура со букви, допрете и задржете го копчето „123“, а потоа повлечете го до бројот кој што ви е потребен. Кога ќе го подигнете прстот од бројот, повторно ќе ви се врати тастатурата со букви.
Кога ќе го напишете мејлот и дојдете до крајот на реченицата, само два пати брзо кликнете на спејс бар и ќе добиете и точка и простор. Тоа е многу побрзо и поедноставно. А доколку сакате да додадете смајли на тастатурата, одберете: Settings>General>Keiboard>International Keiboards>Add Nev Keiboard>Emoji.
Кога ќе ја внесете веб адресата, задржите тастер Com. како би можеле да ги видите и останатите алтернативни екстензии на доменот, како Org и Edu.

4. Брзо префрлање помеѓу апликациите
iPhone и iPad имаат многу апликации кои треба да работат во позадина. Постојат кратенки кои ќе ви овозможат да се префрлите помеѓу апликациите, без да одите на почетокот (Home) екранот. Двоен клик на Home клучот под екранот, како би можеле да ги видите сите апликации кои се активни и да ја изберете онаа која што сакате да ја префрлите. На iPad ова можете да го направите така што ќе поминете со четири прста на екранот и ќе ги лизгате на една страна. Ваквата опција не работи на првата генерација на iPad, па ќе треба да ја префрлите преку Settings>General>Multitask Gestures.

5. Да забележите се што имате на екранот

Дали некогаш сте виделе нешто на iPhone или пак на iPad и да сте посакале да ја зачувате ваквата слика? Притиснете истовремено на Home и тастер On / Of (горниот десен дел на iPhone) како би направиле „screenshot“, на се што во тој момент го гледате на екранот. Притоа ќе слушнете ист звук ист како кога сликате со камерата. Сите фотографии ќе ги пронајдете во Camera Roll и ќе можете да ги поделите преку мејл или некој други друштвени социјални мрежи, како што тоа го правите со останатите фотографии.

6. Лизгајте го прстот за пребарување
Друг начин за брзо пронаоѓање на одредена апликација на iPhone или пак iPad, е да лизгате со прстот од лево кон десно на почетокот на екранот. Овој потег ќе ви го открие полето за пребарување во кое ќе можете да го напишете називот на било која апликација. Ова пребарување ќе ги пронајде контактите, мејл поштата, ставките на календарот, текстови и се останато на уредот.

7. Полесно читање на веб-страниците
Немојте да се обидувате да ги прочитате ситните букви на страниците со мали екрани на iPhone. Подобро допрете го копчето „Reader“, кое ќе го пронајдете во траката URL на врвот на веб страницата. Ова успева и на iPad. Ќе гледате многу појасно и тоа воглавно текстуална верзија на страницата. Напомена ова не работи на сите веб страни по сајтовите.

8. Попаметна камера (iPhone)
Ако сакате на камерата на iPhone да има физички приклучок не се секирајте. Копчето „+“ за поднесување на јачината за звук служи како и „приклучок“ кога е покрената апликацијата за камерата.

9. Дигитален рам за слики (iPad)
Поставите го iPad да работи како дигитален рам за слики. Допрете ја иконата Picture Frame, која се појавува десно од лентата за отклучување на заклучениот екран. Фотографиите кои ќе се прикажат, изберете ги во албум или самите направете slideshow. Оваа поставка можете да ја поднесете во Settings>Picture Frame.

10. Стишување / Гасење на екранот (iPad)
Истото копче на десната лента на iPad кое го заклучува екранот во портрет може да послужи и како копче за стишување (mute). Ова е згодно ако морате постојано да го исклучувате iPad. Ова функција на заклучување можете лесно да ја промените така што ќе отидете во Settings>General>Use side svitch to> Lock Rotation or Mute. Во фабричкото поднесување ова копче е наместено на Lock Rotation.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1