Трикови за возење по снег – 5 најголеми грешки


Ако веќе морате да седнете зад воланот по овој снег, прилагодите го возењето на условите во сообраќајот. Во овие услови морате да ги имате сите четири зимски гуми, не само поради законските обврски, туку и поради самата безбедност.

Многу е важно да ги почитувате ограничувањата на брзината, посебно во реони во близина на школите, пешачките премини, на раскрсници, кривини…

За време на возењето одржавајте безбедно растојание, пополека забрзувајте, благовремено и постепено забавувајте и избегнувајте нагли вртења. Бидете умерени и со педалот за гас, со кочниците и со управувачот.Нежното возење допринесува стабиност и управливост.

Доколку забележите дека сте ја изгубиле контролата на автомобилот и дека ништо што сте пробале не функционира, полеко нежно стискајте ја кочницата. Доколку сте заглавиле во снегот и гумите ви шлајфуваат, најдобро би било да ставите мрежи.

Пред возењето проверете ги кочниците, акумулаторот, системите за ладење и греење, стаклото, бришачите, греалките за стакло и сите делови на возилото кои на ниски температури можат да создадат проблеми при возењето. Пред да се вклучите во сообраќајот исчистете го автомобилот од лед и снег, особено стаклата чија замагленост претставува вистински ризик за безбедноста во сообраќајот.

Лажно чувство на сигурност

sneg-top-5-1Иако возилата со погон на сите четири тркала имаат подобри перформанси од останатите во снежни услови, самата технологија може на возачите да им даде лажно чувство на сигурност. Денешните автомобили се посигурни, со подобра опрема и однесување на патот, но не се семожни во отежнати временски прилики. не е на одмет вниманието и концентрацијата да бидат на највисоко можно ниво.

Недоволна подготвеност

Најопасен ден на патиштата е оној кога првиот снег ќе падне. Многу од возачите не се психички подготвени за возење во зимски услови, а не се ни нивните возила најчесто.

zabrana snegПребрзо возење

Ова е една од најголемите грешки при возење на снег. Повеќето возачи имаат лоша навика дека кога ке излезат на автопат можат да возат со вообичаена брзина. Пребрзото возење го намалува времето кое е потребно за да реагирате благовремено во случај на нагла опасност. Исто така, потребно е 4 до 10 пати повеќе време да се закочи на снег или на мраз.

Премала одалеченост

Многу од возачите по навика (возење при нормални услови) држат премало растојание од возилото пред себе. Тоа, секако, драстично го намалува времето на реакцијата доколку се случува нешто непредвидено.

snegСе препoрачува три пати да се зголеми одалеченоста, за да се осигура минималниот пат на кочење од осум секунди. Со други зборови, доколку возите со брзина од само 20км/ч, одалеченоста помеѓу вашиот автомобил и тој што вози пред вас мора да биде четири должини на возилото, додека ако возите со 50км/ч – 12.

Нагло кочење

Многу возачи рефлексно при паника нагазуваат на кочницата кога ќе осетат дека тркалата пролизгуваат. Немојте да го правите тоа, бидејќи така се губи контролата врз возилото.
Она што морате да го направите е да ја ослободите педалата и со моторно кочење да го успорите возилото колку што е тоа можно.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1