Трогателна исповед на докторката од Штип која се бори за живот


Докторката Евица Бојаџиева од Штип има само 34 години, а веќе две години е во костец со ракот на жолчните канали – една од најретките болести на светот. Болеста е ретка и тешка, се јавува кај едно лице во сто илјади.

Во интервју за Дневник таа вели дека заради своите две деца има неверојатна желба да се бори за сопствениот живот и да оздраве, а потоа сака да им помогне на сите други болни.dr evica

– Една зима почувствував болки во рамото, но сметав дека не е ништо страшно. Доев, па мислев дека е поради тоа што го држам детето в раце. Но, болката се префрли во грбот, па помислив дека е напад на бубрег. Отидов на лекар, кај моја колешка, докторка, да се прегледам на ехо. Тогаш првпат сама си ги видов метастазите. Докторка сум и точно знаев што гледам. Не паничев, решив да испитам се и да се борам. Мојот најголем мотив ми се децата, за нив ќе оздравам, вели Евица за весникот.

За неколку дена патува за Kина, оти „Ренканг болницата” во градот Донг Гуан е единствена болница во светот што на Евица и дава надеж дека ќе и помогне во борбата да се излекува и дека со своите деца здрава ќе шета по штипските сокаци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1