Тројца познати скопјани спасиле лекар да не изгори жив


 

Вистинска драма се одвивала синоќа во Центар во Скопје. Стан на лекар сместен во зградата на Тифани се запалил околу 1 часот по полноќ, додека сопственикот си спиел несвесен дека пожар избувнал токму во неговиот стан. 

За негова среќа тројца познати скопјани – Виктор Гроздановски, Венцо Донев и Манич минувале во тоа време крај зградата. Забележале дека од еден од становите излегува густ чад.

Веднаш се затрчале и успеале да го разбудат сопственикот  и веднаш повикале противпожарна бригада.

Лекарот иако се разбудил избезумен неможел да го пронајде клучот за да ја отвори вратата, па пожарникарите морале да ја обијат насилно.

Го извадиле лекарот надвор и го локализирале пожарот за кои првично се смета дека настанал од вклучен фен во штекер.

Лекарот е во добра здраствена состојба. Среќа во несреќа е што тројцата скопјани се нашле во тоа време пред зградата, доколку навреме не алармирале пожарот можел да заврши и со трагични последици.

Инаку Манич е познат низ градот како довчерашен сопственик на базенот Бисер, Виктор беше директор на Канал 5, а Венцо е новинар.

 Секоја чест за нив – Браво.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Тројца познати скопјани спасиле лекар да не изгори жив”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.